Министерот за здравство, Арбен Таравари, при денешната посета на Клиниката за детски болести, информираше дека е комплетно реновирана невролошката амбуланта.
„Обновата на овој можеби најфреквентен дел од Клиниката за детски болести ќе резултира со значајно поефективна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти кои тука се третираат. Приоритет на Министерството за здравство е континуирано унапредување на условите за работа и инвестирање во современа дијагностичка апаратура. За таа цел, во изминатиот период е обезбеден нов апарат – ехосонограф, односно ултразвучен премиум колор доплер апарат, кој овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика“, потенцираше Таравари во рамки на посетата на оваа клиника.
Министерот дополни дека се надева дака ќе обезбедат уште еден електроенцефолограф и еден електромиограф.
Невролошката амбуланта при Клиниката за детски болести е единствен центар за специфична дијагностика и третман на пациенти со невролошки заболувања од новороденчиња до адолесценти.