недела, 23 февруари 2025

Детектор: Владеење на правото со оценка 2,5 – 41% од граѓаните не знаат каде да се обратат при повреда на правата

Секој трет граѓанин се соочил со повреда на неговите права, но само третина од нив добиле решение за својот проблем пред институцијата до која се обратиле. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење посветено на владеењето на правото, кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).

Објавено на

часот

Сподели

Според истражувањето, 36 проценти од граѓаните велат дека во последниве 5 години тие или некој близок имале одреден проблем, несогласување или сметале дека имало некоја повреда на нивните граѓански права од економски, социјален, правен или друг аспект. Од нив, 75 проценти се обиделе да го решат проблемот пред институциите, а останатите не преземале никакви чекори за решавање на состојбата.

Од оние кои преземале мерки 30 проценти се обратиле до државна институција, 26 проценти до суд, 15 проценти до Народниот правобранител и 14 проценти до полиција. Десет проценти граѓани побарале решение преку медијатор.

Висок е процентот на граѓани кои велат дека проблемот сепак не им бил решен. Таков одговор даваат 66 проценти од испитаниците, наспроти 27 проценти кои велат дека дошле до решение.

Во случај на идна повреда на нивните права, 60 проценти граѓани велат дека би преземале мерки пред одредена институција, додека 23 проценти велат дека не би преземале ништо. Висок процент од 41% велат дека не знаат каде да се обратат доколку им бидат повредени правата, додека од останатите, најголем процент, 25  отсто велат дека би се обратиле во полиција.

Во анкетата испитаниците одговараат каква оценка од 1 до 5 даваат за почитувањето на основните принципи на владеењето на правото. Владата, според оваа анкета добива средна оценка 2.75 за отчетност и одговорност пред законите. Слична оценка 2.72 добива за транспарентност и одговорност при носење на одлуките. Принципот на постоење закони кои важат еднакво за сите, според испитаниците има оценка 2.47. Слична оценка даваат и за имплементацијата на принципот на компетентност, неутралност и неселективност при носење судски одлуки.

Анкетата за Детектор ја спровел ИПИС, телефонски од 24 до 27 декември 2024 година на
репрезентативен примерок од 1066 испитаници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ