Како што информираат денеска од МВР, тој бил затекнат при обид да одземе патничко моторно возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, при што оштетил и друго возило со тетовски ознаки, паркирано во близина. Подоцна, кај малолетникот било пронајдено патничкото возило опел астра со тетовски ознаки, кое вчера беше пријавено за одземено на улицата Борис Кидрич.
Лицето е задржано во полициската станица Тетово, а пронајденото возило му е вратено на сопственикот.