Вчера во 13.30 часот во полициската станица Центар, С.С.(57) од Скопје пријавила дека на ул.„Димитрие Чуповски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Вторниот настан е пријавен во 10.40 часот во полициската станица Аеродром. Е.Т.(45) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.
Овие настани не само во главниот, туку и во останатите градови се секојдневие, но никој до сега не го реши проблемот со агресивните улични кучиња од кои постојано има каснати граѓани, а меѓу нив и деца.