среда, 5 февруари 2025
На Клиниката за ортопедија

Дете доби ново стапало со трансплантација на коска од донор

На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација на коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12-годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење шраф. По повторна појава на деформитетот, се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција, информираат денеска од Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму додаваат дека пациентот бил испишан во гипсена имобилизација и по шест недели ќе започне со процес на рехабилитација.

„Оперативната интервенција ја изведе проф.д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиологот Јадранка Зафировска со анестетичарот Златка Апостолова, инструментарката Билјана Тројановиќ и помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз. Сакам да изразам благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација“, се наведува во писмената изјава на доктор Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Во изјавата на Кузмановска се додава дека нивната цел е зголемување на свеста за органодарителство, „како највисока и најблагородна форма на хуманизам, што е возможна само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ