„Да бидеме реални, ако гледаме како бројка вклучително и тие што ги освои нашиот кандидат, гласачкото тело е тука, и тоа е една охрабрувачка порака за сите оние кои што гравитираат околу СДСМ“, вели Деспотовски.
Тој додава дека клучното прашање е што треба сега да направат.
„Новото партиско раководство дефинитивно треба да подаде рака кон избирачите, кон нашите членови кои што во првиот круг, а дел од нив и во вториот круг сега, заокружиле за Максим Димитриевски“, додаде Деспотовски.