сабота, 19 октомври 2024

Десетици повредени откако демонстранти упаднаа на еритрејски фестивал во Стокхолм

Објавено на

часот

Сподели

„Во близина на местото на фестивалот се одржа уште еден јавен собир, за време на кој избувнаа насилни немири“, соопшти шведската полиција, додавајќи во соопштението дека привела „околу сто луѓе“. Полицијата потврди дека „продолжува со напорите за запирање на криминалните дејствија и воспоставување на редот“ во предградието северозападно од Стокхолм.

Портпаролот на полицијата изјави дека се приведени меѓу 100 и 200 лица. Полицијата соопшти дека отворила истрага за насилни нереди и подметнати пожари, како и за попречување на работата на полицијата и спасувачките служби. Најмалку 52 лица побарале лекарска помош, или на местото на настанот или во локалните клиники и болници.

До 19 часот по локално време во болница се пренесени вкупно 15 лица. Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди, а останатите седум се здобиле со полесни повреди. Шведска е дом на десетици илјади луѓе со еритрејски корени.

Фестивалот посветен на културното наследство на Еритреја е годишен настан кој се одржува од 1990-тите, но е критикуван дека наводно служи како промотивна алатка и извор на пари за влада на африканска нација. „Ова не е фестивал, тие ги учат своите деца на говор на омраза“, изјави демонстрантот Мајкл Кобраб за шведската ТВ4.

Групите за човекови права ја опишуваат Еритреја како една од најрепресивните земји во светот. Од стекнувањето независност од Етиопија пред три децении, малата земја ја предводи претседателот Исаијас Афверки, кој никогаш не одржал избори.

Милиони луѓе избегаа од услови како што е присилната воена служба. Учесникот на фестивалот Емануел Асмалаш за шведската ТВ4 ги обвини демонстрантите дека се „терористи“ од Етиопија. Шведскиот министер за правда Гунар Штромер во писмена изјава ги коментираше настаните.

„Не е разумно Шведска на овој начин да биде вовлечена во внатрешните конфликти на другиземји. Ако бегате во Шведска за да избегнете од насилство или сте во привремена посета, тука не смеете да поттикнувате насилство. Полициските ресурси се потребни за други цели освен за држење на различни групи одвоени едни од други“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ