среда, 23 октомври 2024

Десет повредени, од кои еден потешко во сообраќајна несреќа во близина на Долно Косоврати

Објавено на

часот

Сподели

Во судар на три возила повредени се десет лица, но за среќа сите се вон животна опасност.

„Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата има скршени ребра, останатите се со помали повреди. Во тек е нивно соодветно згрижување. Според првите проценки, нема потреба за нивен транспорт во други институции“, рече за МИА, Исмаилаки Клења, ортопед при Општата болница во Дебар.

Едно возило е со битолски, едно со скопски и едно со словенечки регистарски ознаки. 

Поради сообраќајката создадена е колона возила, но набрзо се очекува да заврши увидот и да се нормализира сообрајќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ