Никола Јокиќ и Џемал Мареј го предводеа Денвер до триумф против силната Оклахома од која претходно загубија, овојпат славеа Нагетс со 140-127.
Јокиќ беше најефикасен на натпреварот со 35 поени, 18 скокови и осум асистенции, Мареј постигна поен помалку од Србинот. Најефикасен кај Оклахома беше Дорт со 26 поени, Гилџуис Александер реализираше 25.
И покрај тоа што во мечот влегоа без повредениот Леброн Џејмс, Лејкерс беа фаворити на гостувањето кај Бруклин Нетс но го загубија мечот со 111-108.
Лука Дончиќ имаше лош процент за шут, но и покрај тоа успеа да направи трипл-дабл постигнувајќи 22 поени, 12 скокови и 12 асистенции, поефикасен од него во составот на Лејкерс беше Винсент со 24 поени. Најдобар кај Бруклин беше Клоуни со 19 поени.
Резултати:
Атланта – Филаделфија 132-123
Бостон – Јута 114-108
Бруклин – ЛА Лејкерс 111-108
Мајами – Шарлот 102-105
Торонто – Вашингтон 119-104
Чикаго – Индијана 121-103
Хјустон – Орландо 97-84
Мемфис – Феникс 120-118
Оклахома – Денвер 127-140
Сан Антонио – Далас 129-133
Голден стејт – Портланд 130-120
Сакраменто – Њујорк 104-133