вторник, 4 февруари 2025

Денвер запиша нова победа, а Јокиќ нов трипл-дабл (ВИДЕО)

Екипата на Денвер Нагетс го совлада Њу Орлеанс со125-113 и дојде до 31. победа во сезоната во НБА лигата.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот од Колорадо славеше во уште едно одлично издание на Никола Јокиќ иако српскиот ас не беше најдобар играч во својот. Тој го оствари 23. трипл дабл оваа сезона и деветти во последните 11 натпревари, постигнувајќи 27 поени, 14 скока и 10 асистенции, но честитки заслужува и Портер кој го одигра својот најдобар натпревар сезонава и постигна 36 поени.

Домаќините завршија најголем дел од работата во првото полувреме кое го добија со 68-50. Пред крајот на третиот период Њу Орлеанс направи серија од 10-0 и се доближи на само осум поени негатива, но Денвер не дозволи драма или евентуален пресврт и рано ги реши сите дилеми.

Најефикасен играч на мечот беше гостинскиот кошаркар Треј Марфи кој постигна 41 поен, а Мекалум додаде 30.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Вашингтон 114-124
Детроит – Атланта 130-132
Њујорк – Хјустон 124-118
Мемфис – Сан Антонио 128-109
Минесота – Сакраменто 114-116
Оклахома – Милвоки 125-96
Денвер – Њу Орлеанс 125-113
Јута – Индијана 111-112
Голден Стејт – Орландо 104-99
Портланд – Феникс 121-119

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ