„Донесовме упатства и донесовме протоколи, како единствена држава во регионот којашто сите овие протоколи ги сообрази со новите времиња и тенденции. Знаете дека ние работевме со протоколи, коишто беа од деведесеттите години или од поранешна Југославија. Денеска времето е поинакво, денеска технолошкиот напредок е поинаков и вие не можете да преземете мерки во 2023 година со методи од 1990 година. Затоа и тие протоколи ги сменивме“, изјави Спасовски по посетата на Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово.
Министерот посочи дека службите се подготвени максимално и нивниот капацитет е на едно повисоко ниво, се со цел во чекор да ги следат сите активности.