вторник, 5 ноември 2024

Денеска започнува Велигденскиот пост

За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 5 мај.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е пост со повеќе имиња, велигденски пост – затоа што завршува на Велигден, воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение, пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден, велики пост – заради големото значење на постот, четириесетница – затоа што трае четириесет дена. Овој пост се нарекува уште и чесен пост – бидејќи го опфаќа времето на Христовото распнување на Чесниот крст, најдолг пост – според должината на постењето во однос на другите пости, најголем пост – според важноста и најстрог пост – меѓу останатите постења.

Првпат Велигденски пост или пост за Велигден се спомнува на крајот од II век. Тој траел само три дена, вели свети Иринеј Лионски (+202г.) и сите го постеле. Така се постело во III век, во „спомен на Христовите страдања“, вели и Тертулијан (+220г.). Кон крајот на III век, во Сирија се спомнува Велигденски пост којшто траел една седмица. А во средината на IV век, веќе се спомнува Велигденски пост од 40 дена. За тоа пишува историчарот Евсевиј Кесариски (+340г.) и свети Атанасиј Велики (+373г.) во Велигденските посланија. Дури во V век е оформен сегашниов Велигденски пост – Велика Четириесетница.

Велигденскиот пост започнал од две причини и со две цели за да се подготват оние што требало да бидат крстени на Велигден, а кои во текот на постот биле поучувани во верата и во христијанскиот живот и биле огласени за крштение. Втората причина е крстените да се подготват за Велигден.

Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 5 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ