Целта е, како што наведува организаторот, да има обединување со пошироката и стручна јавност и да се испрати недвосмислена порака дека „безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност“.
„Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и движиме секојдневно“, додава организаторот на настанот.