Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, веќе се искристализирани пет коалиции и две партии кои ќе одат самостојно. На помалку од една недела до официјалниот почеток на изборната кампања дефинирани се коалицииите – Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ, коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, коалицијата Европскиот фронт предводена од ДУИ и коалицијата „ВРЕДИ“ на албанската опозиција. Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ – За наша Македонија и партијата Левица.
Учесниците на изборите до 2 април треба да ги достават кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија. Парламентарните избори се закажани за 8 мај, а следната недела на 4 април почнува и изборната кампања за седмите претседателски избори за кои во првиот круг ќе се гласа на 24 април.