Во прво читање во рамки на оваа седница се предлог на законот за вработените во Министерството за одбрана, предлог на законот за помилување, предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата, предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител.
На ова седница се неколку предлог-одлуки за изменување и избор на членови на неколку институции – предлог за именување член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, предлог на одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, предлог на одлуката за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, предлог на одлуката за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, предлог на одлуката за именување на член на Комисијата на Агенцијата за пошти.
Пратениците ќе разгледуваат и финансиски планови на неколку институции за 2024 година.