Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот, а според воспоставената практика, први за поставување прашања на премиерот и министерите се пратениците од опозицијата.
На паузата, се очекува да се одржи продолжението на 33. седница и да се гласа за измените на Законот за инспекциски надзор.
Претходно, претпладнето претседателот на Собранието Африм Гаши ќе го одржи редовниот месечен брифинг со новинарите.