петок, 18 октомври 2024

Денеска почнува семинарот за изучување на народни инструменти како најава за фестивалот „Пеце Атанасоски“

Објавено на

часот

Сподели

На семинарот учествуваат 10-тина млади, ученици од средното музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје кои ќе се стекнат со теоретска и практична настава. Ќе ги изучуваат изворното пеење и народните инструменти од еминентните предавачи: професор д-р Родна Величковска и д-р Стојанче Костов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, професор д-р Горанчо Ангелов од музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и м-р Горан Василески. Со знаењата стекнати на семинарот ќе се претставатна првата фестивалска вечер, на отворањето на Фестивалот на 30 јуни на камената бина на плоштадот “Александрија“ во Прилеп. Учесниците ќе работат во студентско-ученичкиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп.

„Семинарот се одржува 13-ти пат и е вистинска лулка за изучувањето на народните инструменти. Ако порано имаше стагнација, сега се зголемува интересот кај младите да ги изучуваат традиционалните инструменти, да го изучуваат богатиот изворен мелос. Целта на Фестивалот е да се изучува, а со тоа да се зачувува и негува изворниот мелос“, вели Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“.

На Фестивалот, на 30 јуни во Прилеп и на 1 јули на Рудина, Долнени ќе учествуваат околу 300 изведувачи на народни инструменти и песни од сите краишта на Македонија, а се најавени и гости од Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ