сабота, 5 октомври 2024

Денеска на ЕП: Англија против одличната Швајцарија, Холандија на мегдан со Турција

Денеска на програмата на Европското првенство се вторите две четвртфинални пресметки, Англија игра против Швајцарија во терминот од 18 часот, а три часа подоцна ќе почне дуелот меѓу Холандија и Турција.

Објавено на

часот

Сподели

Денот започнува со дуелот меѓу Англија и Швајцарија. Англичаните не импресионираа досега, играат под очекувањата, но се протнаа до четвртфиналето. Особено среќа имаа во дуелот со Словачка кога во последните секунди со гол на Белингем се спасија од пораз.

Англија влезе како прв фаворит за освојување на Европското првенство, го имаат најдобриот состав на фудбалери, па фаворитската улога ќе им остане и на денешниот меч со Швајцарија.

Швајцарците се пријатно изненадување на Европското првенство. Ја исфрлија Италија од натпреварувањето, а одиграа одлично и во групната фаза. Момците на Јакин имаат јасна идеја во играта, концепт до кој се држат и кој засега ги носи далеку.

Саутгејт за денешниот меч нема да може да смета на дефанзивецот Марк Геј кој е суспендиран поради жолти картони.

Во вечерниот термин е дуелот меѓу Холандија и Турција. Холанѓаните се сериозен фаворит во овој дуел, но Турците имаат играчи во тимот кои знаат да направат разлика.

Холандија во осминафиналето помина лесно, убедливо триумфираше над Романија, а Хрватска благодарение на два гола на Демирал, ја помина Австрија.

Винченцо Монтела вечерва нема да може да смета токму на услугите од Демирал кој поради непромислен политички гест заработи суспензија од два натпревари. Покрај Демирал, Турција ќе ги нема и Кокчу и Јуксек поради жолти картони.

Ситуацијата во Холандија е далеку подобра, суспендирани нема, а Куман веројатно нема да може да го игра само Де Лихт кој е болен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ