петок, 18 октомври 2024

Денеска е Денот на НАТО, АРМ ги отвори касарните за граѓаните (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На отворениот ден, пред посетителите беа прикажани дел од средствата и опремата, како и воено-показни вежби, што се дел од обуката на единиците стационирани во наведените касарни. Присутните имале можност преку директна комуникација со армиските припадници да се запознаат со вооружувањето, опремата и обученоста на припадниците на Армијата.

нато-отворен-ден-илинден

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска присуствуваше на активностите во касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде ги проследи активностите организирани од страна на вториот пешадиски баталјон, како и приказот на средствата меѓу кои се и лесните оклопни возила “ЈЛТВ Ошкош”.

Отворен-ден-НАто

„Приказот на средствата и обученоста особено предизвикаа интерес кај младите, кои ги имаше во најголем број и на кои воената професија и можностите кои таа ги нуди, како дел од семејството на НАТО, на дел од нив можеби ќе им биде нивна понатамошна определба. Денешната активност е дел од цивилно-воената соработка на Армијата со која традиционално пред граѓаните транспарентно се прикажуваат активностите, опремата и средствата кои се дел од процесот на модернизација, преку овозможување на непосреден пристап на сите заинтересирани, особено при одбележување на значајни датуми“, соопштија од Канцеларијата за односи со јавноста во Генералштабот на Армијата.

Нато-отворен-ден-судир-МО

                                                                                         Фото: Министерство за одбрана

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ