„Белиот стап е помагало која им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да се движат со увереност и независност. Таа не само што ја симболизира слободата, туку и го прикажува успехот и можностите на оваа категорија на граѓани“, се посочува во соопштението од Националниот сојуз на слепи.
Низ Македонија, секое од 18-те здруженија на слепи лица, членки на Националниот сојуз на слепи ќе организираат во рамки на своите општини различни настани и активности за одбележување на овој посебен ден.
„Ова е ден во чест на силата и издржливоста на слепите лица и лицата со оштетен вид, да се промовира инклузивноста и да се нагласи важноста од еднакви можности за сите“, се подвлекува во соопштението.
Иако Денот на белиот стап има силно историско и културно значење, тој исто така е потсетник на тековната работа потребна за создавање поинклузивно и подостапно општество за слепите и лицата со оштетен вид. Овој ден, нагласуваат од Националниот сојуз на слепи, го охрабрува општеството да ја прифати различноста, да ја промовира свеста и да ги отфрли погрешните сфаќања за слепилото.