СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Денес и утре дел од улиците низ Скопје ќе бидат затворени поради посетата на Андрија Мандиќ
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ. Поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Објавено на
часот