„Пред нешто помалку од две недели бев оперирана за да се осигурам дека нема да забременам во Трамповата Америка“, рече Похутски.
Тоа беше дел од говорот што претставничката го одржа во Мичиген пред демонстрантите собрани како дел од таканареченото движење 50501, кое одржа протести низ целата земја за да го изрази своето противење на администрацијата на Трамп. Бројот 50501 се однесува на наведената цел на групата да одржи 50 протести во 50 држави во еден ден, пренесува Фокс њуз.
„Одбивам да ѝ дозволам на администрацијата која гледа вредност само во мојата способност за репродукција да го третира моето тело како валута“, рече Похутски.
Откако ја презеде функцијата, Трамп потпиша извршни наредби со кои се забранува користењето на федерални средства за абортуси и прекинато е финансирањето на абортуси во странство. Истите одлуки и претходно ги носеа републикански претседатели.
Трамп во текот на кампањата постојано повторуваше дека за прашањето за абортусот треба да одлучуваат државите и се спротивстави на забраната за абортус на национално ниво.
Похутски рече дека донела одлука да биде стерилизирана бидејќи не била сигурна дека сепак ќе има пристап до контрацепција.
„Ако познавате луѓе кои се прашуваат колку е сериозно ова, ќе повторам: владина службеничка се одлучи за доброволна стерилизација затоа што не беше сигурна дали ќе може да има пристап до контрацепција во иднина“, рече таа.
Милијардерот и менаџер на хеџ фонд Бил Акман ја коментираше одлуката на пратеничката на Икс, велејќи: „Природна селекција. Дарвин беше во право“.
Natural selection. Darwin was right. https://t.co/XhIfgSouXu
— Bill Ackman (@BillAckman) February 6, 2025
„Фактот што толку многу конзервативни мажи се лично навредени од одлуката што ја донесов со мојот сопруг за моето здравје и иднина само докажува дека не треба да претпоставуваме дека ова право е загарантирано“, објави Похутски вчера на Икс.
The fact that so many conservative men take personal offense to a decision that I made with my husband about my health care and future just proves the point that we shouldn’t assume that right is secure.
— Laurie Pohutsky (@lpohutsky19) February 6, 2025