петок, 31 јануари 2025

Демири: Приватните специјализанти ќе добијат поголем надомест, ама по изборите

Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест, најави денеска министерот за здравство Илир Демири.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите приватни специјализанти добиваат надомест од 25 до 28 илјади денари и им се платени дежурствата. Дел од нив по објавувањето на изборите и по започнувањето на кампањата потегнаа иницијатива за да се зголеми нивниот надомест. Со задоволство би го направиле тоа и ќе го направиме после завршувањето на изборите. Ќе добиваат соодветна поголема плата, но и една обврска без разлика дали јас ќе бидам министер или некој друг да го дадат својот труд и ангажман во секој регион од земјава каде има потреба од нив“, рече Демири во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Посочи дека повеќе нема да се нудат специјализации според желби, туку само за кадрите кои се неопходни.

„Нас ни фалат радиолози, хематолози, неонатолози, педијатри, патолози, специјалисти по микробиологија, епидемиолози. После изборите се надевам ќе се отвори можност да се направи реална проценка и конструкција кои специјализации приватно или државно ќе се отворат на државно ниво“, рече Демири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ