сабота, 19 октомври 2024
Дали е на повидок нов скандал во здравството

Демири: 170 пациенти од Клиниката за кардиохирургија ги нема во системот Мој термин

Министерот за здравство Илир Демири денеска соопшти дека е разрешен медицинскиот директор на Клиниката за кадриохириргија Марјан Шокаровски. Причина за ваквата одлука, рече Демири е затоа што во извештајот што го добил минатата недела петокот немало некои позначајни остапувања на смртноста на пацинетите што се оперираат на оваа клиника, но затоа денеска добил нов извештај според кој 170 пациенти не биле регуларно внесени во системот Мој термин.

Објавено на

часот

Сподели

Освен медицинскиот директор Шокаровски, разрешена е и раководителката на Програмата за превенција од кардиоваксуларни заболувања Александра Ефтимова.

На прес-конференција, Демири рече дека по информациите иако незначителна, но сепак зголемена смртност на оваа клиника, формирана е комисија и во извештајот што го добил во петокот немало некои позначајни остапувања, но денес добил податок дека 170 пациенти не се регуларно внесени во системот Мој термин, односно дека за нив фалат податоци. Најави дека ќе побара од Обвинителството да го испита овој случај.

„До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отстапувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во Мој термин во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени“, рече Демири.

Шокаровски, како што посочи министерот, е разрешен и поради нарушени меѓучовечки односи на клиниката.

„Во една таква врвна институција се недозволиви такви нарушувања на меѓучовечките односи. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам и постапката да ја спроведе следниот министер или јас доколку продолжам да министерувам. Таму директор треба да биде назачен некој кој е од надвор“, рече Демири.

Тој кажа дека на Клиниката за кардиохирургија со пари од Буџетот, односно со дневници од 700 евра по експерт, се носат експерти од Србија, но кога сакал да дознае кои се, сега веќе разрешената Ефтимова го игнорирала и не му го давала официјалниот извештај, по што и ја разрешил.

„Зошто во присуство на такви светски експерти да има таков исход и таква смртност?“, праша Демири.

Според него директор на Клиниката за кардиохирургија треба да биде доктор донесен од надвор. Тој кажа дека доколку остане министе за здравство ќе иницира постапка за соработка со странски доктори пред сѐ од Швајцарија.

Шокаровски беше назначен за нов директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ