сабота, 19 октомври 2024

Делови од Австрија оковани во снег, автомобили затрупани на планините

Делови од Австрија се покриени со снег, а на височина над 1.400 метри снежната покривка е над еден метар, јави австрискиот весник Хојте.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Она што во низините е дожд и поплави, на височина над 1.400 метри, како што е Обертауерн, е метар снег“, пишува австрискиот весник во саботата навечер.

Како што почнала да паѓа ноќта, така паѓал снег и во пониските предели, веќе на височини од 500 метри, додека во повисоките планински предели на Алпите затрупани се автомобили и блокирани се премини пред приватни куќи.

Снег паѓа и во повисоките делови на Швајцарија.

Со оглед на тоа дека во следните неколку дена се предвидува невреме, австриската влада им препорача на граѓаните да не патуваат во одредени области доколку не е неопходно, а можно е на некои места снежната покривка да биде и до два метри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ