петок, 27 декември 2024

Делии го избркале Пикси од Маракана

Објавено на

часот

Сподели

Стојковиќ, кој е петта ѕвезда на Звезда и икона на клубот во втората половина на 80-те, седел на кафе со пријатели, кога тројца навивачи му пришле и со зборовите „забрането ти е да седиш тука“ го избркале од стадионот. Пикси е поранешен претседател на клубот, под чија палка поранешниот европски и светски првак последен пат стана шампион на соседна Србија.

„Имав мала непријатност во Ред Кафе. Дојдоф на кафе да се видам со пријателите, но ми пријдоа три момчиња, а еден од нив го препознав, бидејќи во мое време важеше за водач на навивачите. Ме прашаа, кој ти дозволи да седиш тука, а потоа откако им реков дека не го разбирам прашањето, ми порачаа: забрането ти е да седиш тука“, објасни Пикси за весникот „Прес“.

Пикси беше претседател на Ц. звезда од 2005 до 2007 година, претходно и прв човек на ФСС, а потоа неочекувано си замина и стана тренер на Нагоја со која првпат во историјата освои титула на Јапонија. Помошник во Нагоја му е македонската легенда Бошко Ѓуровски, исто така, ексиграч на Ц. Звезда, а потоа и тренер.

Војната на релација Пикси – навивачи според легендата е дека им ги скратил бенефициите, кои ги уживале од клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ