Само тројца фудбалери оваа сезона во Манчестер јунајтед не се повредиле, Бруно Фернандеш, Алехандро Гарначо и Диого Далот. Останатите биле отсутни најмалку по еден меч поради повреда.
Досега имало 29 повреди оваа сезона, што е огромна бројка.
За дербито против Сити, Тен Хаг не можеше да смета на дури девет играчи.
Излегоа шпекулации дека фудбалерите за оваа ситуација го обвинуваат Тен Хаг, сметаат дека повредите се последица на режимот на тренинзи кои се напорни повеќе од претходно.