„Според пријавеното вчера околу 7:00 часот физички и со тврди предмети го нападнале М.А. од Кочани во дворот од неговата куќа, по што му одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат, по што, по насока на јавен обвинител, против нив е поднесено известување до ОЈО поради сомнение за сторено кривично дело разбојништво по член 237 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Тројцата малолетници се сомничат дека во претходниот период извршиле повеќе од 30 кривични дела кражби, тешки кражби, тешки кражби на дрзок начин, разбојнички кражби и разбојништво.