четврток, 30 јануари 2025

Деца и спорт: Како да се поттикне здрав раст и развој

Спортот има клучна улога во здравиот раст и развој на децата, но многу е важно физичката активност да биде прилагодена на индивидуалните потреби на секое дете.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Бројни студии укажуваат на загрижувачки тренд на намалување на бројот на деца кои спортуваат. Студија спроведена во Австралија покажала дека во периодот од 1985 до 2003 година бројот на деца на возраст од 5 до 14 години кои практикуваат некој спорт се намалил за цели 50 отсто кај девојчињата и 30 отсто кај момчињата.

Порано, тимските спортови беа широко застапени, особено преку факултативните игри на училиште и слободното време, додека денес доминира седечкиот начин на живот и неправилна исхрана. Сè повеќе деца се физички неактивни, а се зголемува и бројот на деца со прекумерна тежина.

Од друга страна, децата кои спортуваат често практикуваат неколку спортови во исто време, имаат интензивен и долготраен тренинг кој може да им го исцрпи нивниот организам и да доведе до повреди.

Умерената физичка активност е неопходна за здравјето на децата, бидејќи придонесува за правилен развој на мускулно-скелетниот систем и спречување на деформитети, подобрување на составот на телото и развивање на моторните вештини.

Спортот ја зголемува силата и издржливоста, го зајакнува имунолошкиот систем, помага во спречување на метаболен синдром и хронични заболувања. Физичката активност помага и за психолошка благосостојба, го намалува стресот, анксиозноста и депресијата, ја зголемува самодовербата и ги подобрува когнитивните функции.

Според Американското здружение за срце (АХА) и Светската здравствена организација (СЗО), децата на возраст од 5 до 18 години треба да имаат најмалку 60 минути умерена до енергична аеробна физичка активност секој ден. Ова може да вклучува возење велосипед, трчање, танцување или тимски спортови како фудбал и кошарка.

Сепак, важно е да се избегне преоптоварување на децата со интензивен тренинг, повеќе спортови во исто време или тренирање спортови кои ги надминуваат нивните развојни способности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ