недела, 22 декември 2024

Дебатата меѓу Харис и Трамп на телевизија ја следеле 57,5 ​​милиони гледачи

Американската претседателска дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 ​​милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, според прелиминарните податоци на Нилсен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дебатата беше прва средба лице в лице на кандидатите за претседателските избори кои се одржуваат на 5 ноември.

Привлече повеќе гледачи отколку дебатата на Трамп со тогашниот кандидат претседателот Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

По лошиот настап на таа дебата, Бајден се повлече од изборната трка.

Бројките за гледаност на Нилсен не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и во барови и ресторани. Конечните податоци што ќе ги вклучат и нив ќе бидат објавени подоцна.

Рекордна гледаност имаше претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ