понеделник, 21 октомври 2024

Дарвин се тепаше со колумбиски навивачи за да си го спаси семејството на трибините (ВИДЕО)

По крајот на мечот меѓу Колумбија и Уругвај се случуваше вистински хаос, колумбиски навивачи се тепаа со уругвајски фудбалери предводени од Дарвин Нуњез.

Објавено на

часот

Сподели

Колумбија со 1-0 го победи Уругвај, но резултатот беше во сенка на она што се случуваше по мечот.

Дарвин Нуњез влета на трибина полна со колумбиски навивачи и почна да се тепа со нив, набрзо му се придружија и соиграчите по се случи вистински хаос.

Причина за инцидентот е тоа што колумбиски навивачи го малтретирале семејството на Дарвин кое било во нивна близина на трибините.

Една од потресните сцени беше и кога Дарвин го тешеше едно од своите расплакани деца кое требаше да го спасува бидејќи немаше доволно обезбедување и полиција на трибините за соодветно да реагира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ