среда, 23 октомври 2024

Дарманен: Екстремисти од крајната левица се одговорни за саботажата на француските железници

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница извршена во петокот, неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дарманен за ТВ Франс 2 изјави дека во текот на истрагата биле идентификувани профили на неколку луѓе и дека начинот на кој работат диверзантите има карактеристики на екстремисти на крајната левица, пренесува Ројтерс.

Францускиот национален железнички оператор СНЦФ во неделата објави дека поправките на железничките линии оштетени од пожарот во петокот се завршени.

Операторот изјави дека железничкиот сообраќај ќе биде целосно обновен денеска, пренесе Би-би-си.

СНЦФ соопшти дека околу 250.000 патници биле погодени од саботажата на железницата, додека францускиот министер за транспорт Патрис Вергрие проценува дека околу 800.000 луѓе е можно да биле погодени од прекинот на железничкиот сообраќај во текот на три дена.

Обвинителството во Париз отвори кривична истрага за подметнувањето пожар, надгледувано од обвинителството за организиран криминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ