Ивановски за 44 секунди го подобри неговото претходно најдобро остварување кое го направи пред девет месеци во Битола.
За Македонецот ова беше очекувано остварување со оглед на тоа што на ЕП пристигна со 28 време од 57 атлетичари кои ја завршија трката.
Првото место го освои италијанскиот полумаратонез, Јеманеберхан Крипа, кој со време 1:01:03 постави нов рекорд на европските првенства, додека сребрениот медал го освои неговиот сонародник Пиетро Рива, а бронзен беше Аманал Петрос од Германија.