Македонија го доби првиот учесник на Олимписките игри во Париз, тоа е атлетичарот Дарио Ивановски. Во дисциплината маратон, се квалификуваа 70 со норма и 11 со ранкинг, вкупно 81 натпреварувач. Нашиот маратонец е рангиран на 78. место, а тоа го носи меѓу Олимпијците.
Ивановски претходно обезбеди норма за настап и на Европското првенство во Рим, па пред Олимписките игри ќе се натпреварува таму.