понеделник, 30 декември 2024

Данската премиерка: Крајно време е за построга европска политика кон мигрантите

Данската премиерка Мете Фредериксен, чија земја е позната по некои од најстрогите европски правила за имиграција, кажа дека е сосема во ред тоа што другите влади го „менуваат тонот“ и се залагаат за построги контроли на мигрантите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да бидеме, за жал, прилично строги во однос на прашањето на миграцијата“, кажа Фредериксен за Булмберг. „Требаше одамна да се сменат правилата и законите во Европа“.

Покрај конфликтот во Украина, имиграцијата би требало да биде главниот приоритет на Европа, кажа Фредериксен. Според неа, владите низ регионот реагирале „малку предоцна“ на сè поголемиот прилив на мигранти, што довело проблеми како недостиг од интеграција, радикализација и криминал.

„Сè уште имаме време сето ова да го смениме“, смета данската премиерка.

Нејзините коментари следат откако соседна Германија ги заостри своите мерки против мигрантите без документи проширувајќи ја контролата на своите копнени граници, вклучувајќи ја и таа кон Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ