Данците се најголем фаворит за трофејот, но се очекуваше Бразил да пружи посилен отпор. Бо првото полувреме Бразилците се држеа на пристојна негатива, на одморот се замина со водство на Данска од 15-12.
Но, во второто полувреме Бразил комплетно се распадна, Данска ја зголемуваше предноста до конечни 33-21.
Дури тројца играчи на Данска постигнаа по шест голови, Гидсел, Јакобсен и Шмид. Најефикасен кај Бразил беше Карваљо со седум голови.
Данска во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Германија.