недела, 2 февруари 2025

Данска е пресилна, на убедлив начин ја одбрани титулата Светски шампион (ВИДЕО)

Данска буквално се прошета на Светското првенство, во текот на целиот шампионат беше убедлива, а на таков начин го заврши и финалето во кое ја победи Хрватска со 32-26.

Објавено на

часот

Сподели

Данска остана на светскиот трон, тие вечерва со доминантна игра покажаа дека се убедливо најсилната ракометна селекција во овој момент.

Данците водеа во текот на целиот меч, Хрватска се обидуваше да парира во првиот дел, но тешко им одеше. На одморот се замина со водство на Скандинавците од 16-12.

Во вториот дел само се зголемуваше предноста на Данска, во еден период стигна и до +10, беше 24-14. На крајот Хрватите намалија на шест негатива за конечни 32-26.

Гидсел со десет голови беше најефикасен во составот на Данска и на натпреварот, кај Хрватска Мартиновиќ даде шест погодоци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ