На денешното изборно собрание на МОК беа присутни 55 од 62 членки, од нив дури 45 гласаа за Димевски кој беше единствен кандидат. Двјаца беа воздржани, а осуммина против.
Ваквиот исход на гласањето значи дека Даниел Димевски и во наредните четири години ќе биде прв човек на МОК.
Пред ова собрание бура направија иницијаторите за промени, но нивниот обид за смена на врвот на МОК мина неуспешно.