„Имаме можност што се случува еднаш во животот и сакаме да го оствариме овој сон. Во Холивуд ќе донесеме велосипедски патеки, владеење на правото, универзална здравствена заштита и политика заснована на факти“, се наведува во петицијата.
По пристигнувањето во Белата куќа, американскиот претседател Трамп, покрај купувањето на Гренланд, сакаше Канада да стане 51 американска држава, неговата земја да стане сопственик на Панамскиот канал, побара американска сопственост на Газа и Мексиканскиот залив го преименува во Американски залив, при што американскиот Гугл мапс веќе ја направи промената.
Медиумите претходно објавија за жестокиот телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Мете Фредериксен, премиерката на Данска, на тема Гренланд, а Фредериксен постојано повторуваше пред и потоа дека Гренланд не е на продажба и дека, од перспектива на данската влада, припаѓа на луѓето кои живеат на Гренланд.