среда, 4 декември 2024

Дан и Лиа Пержовски донираа дела за МСУ

Уметникот Дан Пержовски донираше две дела за колекцијата на Музејот на современа уметност во Скопје.  Првото дело „Скопски столб“, site-specific цртеж на столб, создаден во согласност со просторот на музејот, а второто е компилација од 15 броеви на Newspaper/Artzine, серија на уметнички публикации (објавени помеѓу 2009-2022).

Објавено на

часот

Сподели

Уметницата Лиа Пержовски ја донираше инсталацијата под наслов „Сет за преживување (за преживување во денешниот свет)“, 2024. Оваа инсталација се фокусира на стратегиите за преживување во денешниот свет, истражувајќи различни аспекти на социјалните, политичките и културните предизвици.

Донираните дела од Дан и Лиа Пержовски ќе го збогатат музејскиот фонд и ќе понудат уникатен поглед на современата уметност.

Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… а во моментов во МСУ може да се погледне нивната самостојна изложба, која ќе биде отворена до средината на ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ