Далас водеше во најголемиот дел од мечот, но минесота успеа да се врати на почетокот од последната четвртина поведе со 92-89. Сепак кога беше најпотребно домашните кошаркари на крилјата на публиката се кренаа и со одлична серија дојдоа до победата.
Беше 104-104 кога Далас почна серија, до крајот на мечот тие постигнаа 12 поени, а Минесота само три. Конечниот резултат беше 116-107.
Дончиќ и Ирвинг дадоа по 33 поени, во составот на Минесота најдобар беше Едвардс со 26 поени, а потфрли Таунс кој имаше само 14.
Далас води со 3-0 во серијата со Минесота, исто како и Бостон против Индијана. Досега никој во историјата не се вратил од три негатива, па доколку не се случи епски пресврт досега невиден во НБА, финалето ќе биде меѓу Далас и Бостон.