понеделник, 3 февруари 2025

Далас доживеа дебакл во првиот меч по заминувањето на Дончиќ (ВИДЕО)

Кливленд го победи Далас со 144-101, веќе поранешниот тим на Лука Дончиќ можеше и многу поубедливо да загуби но „коњаниците“ ја тргнаа педалата од гас во второто полувреме.

Објавено на

часот

Сподели

Шокантниот трејд очигледно остави трага и на соиграчите на Далас кои на мечот против Кливленд изгледаа збунето и немоќно, како уште да ја процесираат информацијата која ги изненади сите.

Во првото полувреме Далас прими неверојатни 91 поен, тоа е најмногу што примиле досега по првите две четвртини. На одморот се занима со 91-46.

Вториот дел не продолжи во тој стил затоа што Кливленд веќе ја имаше обезбедено победата, па можеше шанса да им даде и на оние надвор од првата петорка. Конечниот резултат беше 144-101.

Најефикасен во составот на Кливленд беше Мерил со 27 поени, кај Далас Харди реализираше 21.

Резултати:
Детроит – Чикаго 127-119
Кливленд – Далас 144-101
Торонто – ЛА Клиперс 115-108
Филаделфија – Бостон 110-118
Милвоки – Мемфис 119-132

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ