Далас почна одлично, во текот на првиот период имаше предност и од 16 поени разлика, беше 29-13, но следуваше неверојатна серија на Голден стејт кој ја доби првата четвртина со 32-31.
До крајот на мечот двете екипи се менуваа во водство, борбата беше неизвесна, во последните 12 минути Далас беше подобар и на крајот славеше со 108-106.
Пи-Џеј Вашингтон беше најефикасен кај Далас и на натпреварот со 32 поени, Стеф Кари кај Голден стејт реализираше 28.
Резултати:
Шарлот – Орландо 124-115
Индијана – Оклахома 126-112
Вашингтон – Портланд 102-108
Бостон – Сакраменто 101-100
Чикаго – Њујорк 108-100
Хјустон – Мајами 104-119
Мемфис – Детроит 108-90
Милвоки – Торонто 111-117
Њу Орлеанс – Сан Антонио 109-111
Далас – Голден стејт 108-106
Феникс – Минесота 97-87
ЛА Клиперс – Јута 131-102