„Според мојот сон, можеби ќе доживеам 110 години. И коленото ми се опоравува. Нема многу сериозни проблеми“, одговорил 89-годишниот Далај Лама од својата резиденција во северниот индиски град Дарамшала, на прашањето за неговото здравје и како се чувствува.
Потоа тој благословил повеќе од 300 посетители од Индија и од странство, по што духовниот водач на тибетските будисти внимателно прошетал со помош на своите помошници и потврдил дека на подолги растојанија користи возило за голф.