петок, 18 октомври 2024

Дабевска Ќировска, Свидерски и Кацаров добитиници на наградата „Празник на липите“

Објавено на

часот

Сподели

Жири комисијата во состав Гоце Ристовски, Марина Мијаковска и Мирјана Стојановска наградата „Празник на липите” за поезија ја додели за песната „Липа” од Славица Дабевска Ќировска.

Жири комисијата во состав Љерка Тот Наумова, Елена Пренџова и Зоран Пејковски наградата „Празник на липите” за проза ја додели за расказот “Последниот Пурим” од Михајло Свидерски.

Жири комисијата во состав Весна Дамчевска Илиевска, Наум Бајо и Вања Изова Велева наградата „Празник на липите” за есеј ја додели за есејот „Ништо необично” од Трајче Кацаров, соопшти ДПМ.

Наградите на авторите ќе им бидат врачени на традиционалната меѓународна манифестација „Празник на липите” што ќе се одржи на 14 јуни со почеток во 11 часот во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ