На новинарското прашање Ковачевски рече:
„Јас сум член на синдикатот од 1999 година и стопроцентно сум на страната на Сојузот на синдикатите на Македонија, на страната на работниците.. Да живее синдикатот, да живеат работниците и работниот народ на Република Северна Македонија“!
На повтореното прашање како го коментира одземањето на зградата и нејзиното давање на државата, Ковачевски рече дека прашањето треба да се упати кон тие што ја носеле одлуката и врз основа на што ја донеле одлуката и додаде дека не коментира одлуки на судот.
„Јас сум секогаш на страната на ССМ, на работниот народ на Македонија и да живее работниот народ на Македонија и да живее работниот народ на Македонија!“, рече Ковачевски овојпат изговрајќи го три пати името на државата без придавката „северна“.
„И сте за тоа да им се врати имотот?“, доби потпрашање Ковачевски.
„Да им се врати“, рече премиерот.