За предвидените вежбовни активности претходнмо се известени соодветните служби и стрелиштето, Ловечкото друштво – Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршиле теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.
Од полицијата апелираат до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.