сабота, 27 јули 2024

Да беше СФРЈ, ќе живеевме подобро

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, не беше реално да опстане заедничката држава, ниту е реално дека во скоро време пак ќе се обедини…

Тоа е нивниот коментар за несекојдневното истапување на хрватскиот писател Игор Мандиќ, кој во интервју за риечки „Нови лист“ истакна дека Хрватска нема да има голема корист од влегувањето во ЕУ и дека како најдобра можност ѝ останува повторното обединување на јужнословенските народи, но на малку поинаков начин од порано.

Економистот Мирослав Здравковиќ вели дека не е тајна дека некоја идна Југославија на сите ќе им донесе економска корист – би имале помала невработеност и поголем БДП.

„Сега нивото на извозот од Србија во Хрватска изнесува 200 милиони евра, а во спротивната насока е 300 милиони. Нормализирањето на односите би значело дека го креваме нивото на размената на по 1,5 милијарда евра во двата правци, што би било лековито за двете земји и стандардот значително би ни пораснал“, напоменува Здравковиќ.

Во југословенската идеја не верува ни министерот за труд и социјална политика Расим Љајиќ. Тој смета дека сите земји од бивша Југославија порано или подоцна ќе бидат членки на ЕУ и дека тоа е единствената заедница во која тие повторно можат да бидат заедно.

„Дотогаш е неопходно да соработуваме на економски и на културен план. На тоа ќе нè принуди секојдневниот живот, зашто тука станува збор за еден пазар, за компатибилни економии и за слични јазици. Тоа треба да се искористи пред сè за кревање на економските параметри. Но, размислувањето за некој друг облик на интеграции освен во ЕУ е илузија“, истакнува Љајиќ.

Историчарот Миодраг Јанковиќ вели дека не е невозможно во некоја кујна да се работи на создавање некој вид четврта Југославија.

„Словенечката и хрватската југоносталгија се огледуваат во освојувањето на српскиот пазар, евтината забава во Белград „што има душа“. Во сите држави што настанаа по распадот на Титовата Југославија може да се констатира недостиг од државотворна идеја, која во тие краеви речиси сто години се засновувала на омраза кон Србите и на активности против српската држава“, тврди Јанковиќ.

Тој смета дека Белград е особено поволно тло за југоносталгија, како бивша југословенска престолнина.

„Тука живеат најголем број луѓе од мешовити бракови или во нив, и тие се изјаснуваат како Југословени. Тие не се чувствуваат како Срби и имаат проблем на идентитетот. Секој што ќе се изјасни како Србин од нив добива етикета на националист. Југоносталгичарите сега им служат на интересите на „идеолозите“ од бившите југо-републики, чија цел е продолжување на експлоатацијата на природните ресурси на Србија, на земјоделските производи и на евтината српска сила“, вели Јанковиќ.

[frame align=”left”]Водич низ земјата што ја нема – извадок од популарната книга на Дејан Новачиќ Курсни листи Основно средство за плаќање во СФРЈ е германската марка. Германски марки (ГМ) емитува Народната банка на Југославија во апоени од еден сом. Курсот на сомот е фиксиран за курсот на динарот: 1 сом = 1.000 динари = 10 нови динари. Сомот поседува внатрешна конвертибилност и пливачки курс. Ова последново се гледа кога некој од Загреб ќе дојде во Белград да се вози со такси. Кога таксистот на крајот на возењето ќе му каже „tri hiljade”, а овој ќе го праша: „Je, prosim, a kolko je to u tisućama?”, тогаш таксистот набрзина ќе се пресмета и ќе одговори: „Пет“. Тоа се нарекува и „црн курс“. На банкнотата од еден сом е прикажан ликот на рударот Алија Сиротановиќ. По „сомовите“ НБЈ емитуваше „коњи“, банкноти од 100 динари.[/frame]

„За пример, еден хрватски јапи стана сопственик на третина плодно земјиште во Србија и е сопственик на синџир мегамаркети. Жителите на бившите југо-републики доаѓаат на евтина забава во Белград и во Гуча, естрадните уметници од тие краеви, кои се колнеа дека никогаш веќе нема да стапнат во „четничката Србија“, сега ја полнат Арена и предизвикуваат солзи и кај нашите функционери, прикриени југоносталгичари“, скептичен е Јанковиќ.

Дека идејата за југословенството сепак некаде „клечи“ и чека поповолен момент покажуваат многубројните групи на општествената мрежа Фејсбук во кои се собираат граѓани од сите бивши републики. Една од тие групи, под името „СФР Југославија“, има повеќе од 120.000 члена.

[frame align=”left”]Бившиот претседател на СР Југославија Зоран Лилиќ вели дека Југославија ѝ била предок на денешната ЕУ и нејзин совршен облик во помала форма. „Сите бивши републики изгубија многу со распаѓањето на Југославија. Од една сериозна земја беа создадени шест мали држави, кои се многу послаби во секоја смисла – безбедносна, економска, културна, социјална… Да опстанеше, Југославија денес ќе беше сериозна држава, во рангот на водечките членки на ЕУ“, истакнува Лилиќ.[/frame]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ