„Во изборната програма на СДСМ во сега веќе далечната 2016 година децидно стоеше ‘Спојување на клиниките во еден Клинички центар’ во првите шест месеци.
Излажаа, ама на лагата кратки ѝ се нозете, дојде 8. Мај.
Во јавните настапи и ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и ЗНАМ ветуваа спојување на клиниките и укинување на 66 директори и 165 Членови на УО и вработување и напредување ИСКЛУЧИВО според МЕРИТ систем.
Завршете ја оваа агонија до 31 декември, бидејќи мај 2028 и не е толку далеку.
За наше, но и ваше добро.
За задоволни здравствени работници и пациенти со вратена доверба.
ЕДЕН ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ Е ПОВРЕДЕН ОД КОЈА БИЛО ФУНКЦИЈА!“, порача Беќаровски.