недела, 22 декември 2024

Црвениот крст: Ситуацијата во Нагорно Карабах е нестварна, сè е празно

Во главниот град на Нагорно Карабах останале само неколку стотини луѓе, вклучувајќи ги болните, инвалидите и постарите лица, изјави функционер на Меѓународниот одбор на Црвениот крст (ИЦРЦ), опишувајќи ги празните улици како нестварни. Азербејџанските сили ја преземаа контролата над енклавата населена со етнички Ерменци, што предизвика егзодус на над 100.000 Ерменци.

Објавено на

часот

Сподели

Градот сега е целосно напуштен, кажа шефот на тимот на ИЦРЦ Марко Сучи преку видеоврска од главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт за Ерменците и Канкенди за Азербејџанците.

„Болниците не функционираат, медицинскиот персонал заминал, надлежните тела на управата за водоснабдување заминале, директорот на мртовечницата исто така заминал. Така што ова сценарио е прилично надреално“, истакна Сучи.

Тимот на ИЦРЦ сега со мегафони ги проверува улиците барајќи ги жителите кои останале. Една од нив е Сузана, постара жена заболена од рак и изнемоштена, која почнала да покажува знаци на анемија и потхранетост и покрај залихите кои ѝ ги оставиле соседите.

„Морам да кажам дека е прилично тешко да се најдат најранливите во нужда и во вакви услови да се најде Сузана сосема сама беше навистина емотивен момент“, кажа Сучи. Жената била евакуирана со брза помош во Ерменија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ